srijeda, 9. svibnja 2018.

АНТИГОНА“-СОФОКЛЕ


        „Антигона“ е драма од книжевниот вид „трагедија“, што како поим настанал од обредите посветени на грчкиот бог Дионис кога хороводителот се одвојува од својот хор и почнува самостојно да рецитира стихови или да води разговор со хорот. Во трагедијата постои чувство на сожалување кај гледачот поради трагичната приказна која ја искажува главниот јунак. Основните карактеристики на трагедијата се
*трагичен јунак кој обично е виновен иако не ја сноси истата вина;
*трагичен судир кога трагичниот јунак се судрува со останатите ликови;
*трагична вина е вината на главниот јунак и
*трагичен крај е расплет во кој страда трагичниот јунак и оние кои го сакаат истиот.
           Софокле е роден околу 495 година пр.н.е. а починал 406 година пр.н.е. Бил на висока државна функција, бил член на Стратешкиот совет заедно со познатиот легендарен Перикле. Се занимавал со дипломатија и со свештеничка служба, основал заедница на Музите на верска основа. Познати дела „Антигона“, „Електра“, „Цар Едип“, „Едип на Колон“, „Трахијки“ и „Филокрет“.

           Содржина на  трагедијата „Антигона“:
Лица:
Антигонаќерка на Едип
Исменаќерка на Едип
Креонкралот на Тива (Теба)
Евридиканегова жена
Хемонсин на Креон и Евридика
Тирезијслеп старец, пророк
Гласникот
Хор и негов Корифеј
Стражарот
Дејствието се случува пред царскиот дворец во Тива (Теба)
Основната идеја е судирот на личноста на главниот јунак, конфликтот во самиот себе дали да се почитуваат законите на државата или говорот на сопственото срце.
ПРОЛОГ: Содржината е тесно поврзана со дејствието на драмата "Кралот Едип". Во неа се опишува конфликтот меѓу синовите на Едип, едниот по име Полиник кој се спротивставува на својот брат Етеокло кој не ја напушта својата власт иако постои  договор по една година на владеење да  ја препушти власта на Полиник. Разочаран Полиник ја напушта Теба, но  се враќа по некое време со намера да го победи брата си и да ја освои Теба. Во конфликтот на браќата во истиот момент, еден со друг, го пробиваат мечот во телото, и двајцата умираат. Власта ја  добива братот на  жената на Едип, вујкото на Антигона, Исмена, Полиник и Етеокло по име Креон, кој наредува да телото на Етеокло се погреба со обредни обичаи, а телото на Полиник поради неговото предавство остане без погребен ритуал.
ПРВА ЕПИЗОДА: Антигона ќерката на Едип го послушува своето срце и иако сестра и Исмена одбива да учествува во овој ритуал и се обидува да ја премисли Антигона, таа свесна за последиците, оди на местото каде што нејзиниот брат лежел мртов,  тивко посејува свет прав на телото на саканиот брат и почнува да врши вообичаена погребна церемонија. Кога стражарите сфатиле дека овој чин е направен против кралската волја, еден од нив отишол да му каже на царот. Креон, вознемирен наложува да се обвини виновникот кој не ги послушал неговите наредби.

ВТОРА ЕПИЗОДА: Во меѓувреме, стражарите го отстрануваат правот од мртвото тело, наскоро некои од нив ја наоѓаат натажената Антигона во близина на мртвиот брат. Потоа тие ја носат Антигона кај вујко и кралот Креон, кој ја осудува на смрт. Антигона свесна за своите постапки, на Креон му објаснува дека таа ги сака своите мртви браќа подеднакво и мора да се почитуваат Божјите закони за погребување на мртвите луѓе подеднакво. Од дијалогот може да се види дека таа не прифаќа дека човечките закони се над Божјите и светите закони, бидејќи тие се постари и секој мора да ги задржи.
И покрај нејзиното објаснување, Креон на Антигона не и простува.
ТРЕТА ЕПИЗОДА:  Неговиот син Хемон, кој е вљубен во  Антигона  доаѓа кај владетелот Креон, барајќи од него да и прости на Антигона. Креон не го прифаќа неговото барање,  истакнува дека државата е управувана од кралот, а не од народот, а таа строгост е нешто со што се мери моќта на владетелите. Наредил  Антигона да биде жива закопана, соѕидана во царската гробница и да пие и да јаде само за да не умре.
ЧЕТВРТА ЕПИЗОДА: Како што била однесена на гробот во карпата, Антигона се обратила кон Теба и сите моќни богови. Таа жалела што толку млада оди во смртта и не може да ги оствари своите соништа
ПЕТТА ЕПИЗОДА: Во Теба доаѓа пророкот Тирезиј, прочуен како славен пророк со момче кое го придружува. Тој зборува со Креон и му кажува дека тој ќе има горчлива судбина ако Антигона не ја пушти веднаш и не го закопа мртвото тело на Полиник. Исплашен од пророштвата на Тирезиј,  Креонт наредува да се оди веднаш тајно да се погреба телото на Полиник и да се ослободи од соѕидувањето Антигона. Но гласникот во Теба го известува Креон за судбината што пророкот му ја изрекол дека се обвистинила.

ЗАВРШЕН ДЕЛ: Кога  Креон заминал со своите слуги за да ја ослободи Антигона  таму го нашол својот син како тагува покрај обесена девојка. Синот се разгневил посакал да го убие со меч татко му, но откако тој побегнал,  синот гневот го искалил врз себе си и го забил мечот во своето тело. Од преголема болка и жал по синот неговата сопруга Евридика се самоубила. Креон потоа се покајал, но доцна - осквернување на божествениот принцип го довел во пропаст него,  династијата и градот Теба. Трагедијата завршува со хорска таговна песна.
Главни протагонисти на трагедијата се:
Антигона-нескршлива, самостојна, многу одлучна, храбра, полна со сестринска љубов, го следи своето срце без да води сметка за реакциите на другите луѓе.
Креон- безчувствителен владетел, безобзирен човек кој го истерува самоволието кон народот и кон сопствениот син, се премислува под дејство на пророштвото, но касно се соочува со последиците од сопствениот грев и непочитувањето на божјата волја.


                                                                                       Давид Трајчевски IX-3 одделение

Nema komentara:

Objavi komentar